Каков треба да биде совршениот шеф?

95

Повеќе од десет години, технолошкиот гигант Google спроведува анализа под името Project Oxygen. Целта на истата беше да се испита мислењето на вработените во компанијата, односно каков според нив треба да биде совршениот шеф.

Со оглед на фактот што Google е најпосакувана компанија за работа истражувањето имало ефект – она што вработените го барале од шефовите било постигнато.

Според анализата, работниците најмногу сакаат претпоставен кој има висока емоционална интелигенција, способност да разбира и да ги контролира сопствените, но и емоциите на останатите.

Или со други зборови, како што е наведува Business Insider, совршениот шеф треба да биде:

Добар ментор

Основна карактеристика треба да биде подготвеноста и желбата да биде ментор на тимот, односно да ги користи проблемите како ситуации за извлекување на поука.

Дава слобода на тимот 

Совршениот шеф не смее да микроменаџира и треба да им дава слобода на вработени да ги изразат своите идеи, да истражуваат, да преземаат ризици, но и да направат грешки. Тој/таа треба да обезбеди здрава работна средина и флексибилен распоред.

Создава инклузивна, грижлива средина

Тимовите сакаат да имаат психолошка слобода, да бидат дел од една заедница којашто нема да навредува и ќе се грижи за општото добро. Шефот треба да им овозможи да се чувствуваат самоуверено кога ги искажуваат своите мислења и идеи.

Слуша и споделува информации

Од големо значење за вработените е да имаат шеф кој умее да ги ислуша, но и да сподели информации со цел тимот да биде навремено информиран за случувањата.

Има јасна визија и стратегија 

Доколку шефот нема јасно определена визија за тимот, продуктивноста може да изостане. Затоа, совршениот шеф треба фокусирано да ги води своите луѓе.

Продуктивен и ориентиран кон резултати

Претпоставениот треба самиот да биде продуктивен и ориентиран кон добри резултати. Преку пример да им покаже на членовите од тимот како треба да се работи, за нивната мотивација да биде што поголема.

Фото: Pixabay