Каква е иднината на конгресниот туризам?

52

Кризата предзивикана од пандемијата го погоди целиот свет, а голема трага остава врз таканарачената MICE (meetings, incentives, conferencing, exhibitions – состаноци, тренинзи, конференции и изложби) индустрија или конгресен туризам. Многу од компаниите и организациите за првпат користат онлајн настани и вебинари, што имаат свои предности, но и недостатоци во однос на настаните лице в лице, пренесува Екапија.

“Онлајн состаноците нудат некои предности во однос на face to face настани. На пример, обично е поевтино да се комуницира со колегите преку интернет. Нема трошоци за сместување и патување, ниту ризици поврзани со нив – доцнење на транспорт, здравствени проблеми и слично. Исто така, учесниците на онлајн состаноците не губат од работното време, бидејќи не ги напуштаат своите работни места за такви настани. Исто така, постои предност и за природно окружување бидејќи е помало загадувањето на воздухот ако помалку луѓе патуваат со автомобили или авиони за да присуствуваат на состаноците“, смета Роб Дејвидсон, генерален директор на консултантската компанија MICE Knowledge.

Но, тој смета дека стануваат очигледни и недостатоците од онлајн настаните.

“На пример, знаеме дека на учесниците во виртуелните настани полесно им се одвлекува вниманието од дискусијата. Потешко се концентрираат и брзо се изморуваат. Исто така, многу е тешко да се поврзат со останатите учесници и да водат неформални дискусии што природно се случуваат во текот на паузите за кафе и ручек. Исто така, како недостаток може да се наведе и пронаоѓањето соодветно време за онлајн настаните што им одговара на сите, поради разликата во временските зони“, смета Дејвидсон.

Многу организатори на настани сега експериментираат со таканаречени “хибридни“ настани, коишто се комбинација од интернет и face to face настани. Многу организации, според него, како што се здруженија на лекари, архитекти, инженери…, секоја година одржуваат конференција, па и оваа година ќе бидат одржани, но со ограничување на бројот на присутни.

Исто така, многу поважна ќе биде безбедноста и хигиената на настаните. Организаторите што се занимаваат со конгресен туризам ќе мора да направат сè што е во нивна моќ за да останат сите учесници здрави и да спречат ширење на заразата. Во овој сегмент од туризмот, додека не се заузда пандемијата, ќе бидат видливи некои промени, како што е држење социјална дистанца меѓу учесниците, поинакво организирање на паузите за кафе и ручек, почесто чистење и дезинфицирање на просторот.

Фото: Freepik