Каква судбина го чека Berkshire Hathaway по Ворен Бафет?

31

Сè поизвесно е дека еден ден Berkshire Hathaway ќе остане без првиот човек на чело, кој е синоним за неговото создавање и трансформирање во една од највлијателните компании на светот, пишува Market Watch.

Иако благодарение на децентрализираното управување во Berkshire Hathaway многу работи ќе останат непроменети, сепак ќе има одредени промени околу тоа кога ќе треба да се најде наследник на Бафет.

Најважната улога што ќе треба да се најде е извршен директор, што е едно од местата на Бафет, кој е и претседател и извршен директор на компанијата.

Плановите за евентуалниот наследник на Бафет остануваат мистерија, но некои експерти смета дека тоа може да биде Грег Абел. Тој е канадски бизнисмен и стои на чело на Berkshire Hathaway Energy, кој има големо и богато искуство со управување со капитал.

Фото: Pexels