Калкулатор пресметува емисија на штетни гасови на секое патување

82

Фото: Pixabay

Mission Emission претставува апликација што може да пресмета колкава емисија на штетни гасови ќе има едно возило што треба да се движи кон одредена дестинација, пишува Inhabitat.

Додека ја пресметува емисијата, апликацијата нуди алтернативни патишта што се поприфатливи за животната средина, а во исто време го носат корисникот до крајната дестинација.

Mission Emission дава информации за нивото на штета што возилото на корисникот ја прави врз животната средина. Нуди и информации околу тоа колку дрвја се неопходни за да се надомести штетата од емисијата на гасовите.

Целта на овој проект е да ја зголеми свеста кај луѓето за загадувањето и последиците од патувањата, а во исто време и да им помогне на луѓето како да прават помалку отпад и штета за околината.

Зад оваа апликација стои дизајнерското студио Studio Oblik  и Beta peak од Бугарија.

Според Mission Emission, доколку патувате од Скопје до Куманово со автомобил со средна големина, што вози на плин, загадувањето ќе биде 221 грам CO2 на километар, а на природата ќе ѝ бидат потребни 150 денови да ги апсорбираат штетните гасови од ова патување.