Канабисот за медицински цели на земјава може да ѝ донесе 250 милиони евра

45

На прашање за барањето на производителите на канабис за медицинска употреба, за што поскоро донесување на измените на Законот за контрола на опојни дроги, за овозможување на извоз на цвет на канабис денеска во владата беше речено дека Одлуката треба да ја донесе Собранието, каде имаше одредено блокирање во изминатиот период.

Владата, според нејзините портпароли, во повеќе наврати укажуваше дека е добро законските измени да бидат изгласани до крајот на оваа година за следната да очекуваме преку 250 милиони евра приходи од производство на канабис за медицински цели, со што ќе се  стимулира отворање на нови високо платени работни места.

“Со ова се следат светските и европски стандарди и се носат дома искуствата на држави како  Канада, Холандија и Чешка кои годишно заработуваат околу 55 милијарди долари од оваа дејност.  Канабисот е една од најдинамичните индустрии во светот и политиката на Владата е не само да ги препорачува овие искуства, туку и понатаму да ги поддржува компаниите кои влегуваат во овој бизнис кој во нашата земја веќе отвора илјадници добро платени работни места“, беше посочено на денешната редовна прес-конференција на портпаролите на Владата на Северна Македонија.

Фото: Freepik