Канадската Cosmic development отвора уште една канцеларија и нови 50 работни места

4

Канадската компанија Cosmic development ќе ги прошири своите бизнис проекти преку отворање втора канцеларија во земјава и 50 нови работни места.

Како што соопшти компанијата, новата канцеларија се отвора за само три години, а ќе биде лоцирана во Битола. Согласно долгорочната стратегија, целта е да се привлечат најдобрите студенти од битолскиот регион, вклучувајќи ги Прилеп и Ресен.

“Оваа нова инвестиција ќе помогне да ги задржиме нашите млади професионалци во Македонија, посебно во Битола и во регионот“, истакнуваат од Cosmic development.

Станува збор за меѓународна ИТ консалтинг и бизнис процес аутсорсинг компанија со седиште во Скопје. Се фокусира на ИТ консалтинг, развој на софтвери и аутсорсинг услуги. Веќе е глобално развиена со канцеларии во Торонто, Канада, и Белград, Србија.

Компанијата вклучува околу 80 вработени и брзо се развива. Обезбедува високо ниво на стручност и трансфер на знаење. Поради тоа, Cosmic development ќе ги вработи најдобрите студенти на кои ќе им се обезбедат атрактивни плати со многу уникатни бенефиции.

Клиенти на Cosmic development се светски познати компании како Microsoft, Yahoo и Universal Studios.

Со Cosmic development во Македонија соработуваат министерот за странски инвестиции Џери Наумоф и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Cosmic development најавува соработка и со Техничкиот факултет во Битола со цел одржување специјални обуки според најновите програми за усовршување практиканти кои ќе  овозможат нови вработувања.