Канцеларии се трансформираат во домови во Шведска

127
3d rendering luxury business meeting and working room in executive office

Шведска планира пренамена на деловниот простор во станбен, со што планира да го реши долгогодишниот проблем со недостиг од станбени единици.

Властите испитуваат дали може празните комерцијални недвижнини по пандемијата да се пренаменат за да се надомести кусокот од околу 140.000 домови.

Се верува дека една петтина од пет милиони вработените во Шведска најверојатно ќе останат да работат од дома и по завршување на пандемијата, што значи дека многу компании ќе немаат потреба од голем канцелариски простор.

Пазарот на станбени недвижнини во Шведска подолг временски се соочува со сериозни предизвици. Сложените прописи ги прават трошоците за градење едни од највисоките во Европа. Даночните олеснувања за хипотека, нулта данок на имот и високо регулираниот пазар за изнајмување ги зголемија цените за купувачите и екстремно ги зголемија долговите за решавање на станбеното прашање, а централната банка редовно предупредува на тој ризик.

Забрзување на процесот со којшто ќе се направи пренамената би можело да го намали притисокот на пазарот, а овој потег би можел да го следат земји како што се Велика Британија и Холандија.

Фото: Freepik