Карванот Вива и Златно Славејче го заокружи своето прво успешно патување низ Македонија

61

viva

Со многу забава, игри и песни, карванот на Вива и хорот на Златно Славејче го заокружи своето прво успешно патување низ Македонија. Карванот започна во Македонска Каменица и Делчево, а патувањето продолжи во Охрид, Струга, Кичево, Струмица, Радовиш и Крива Паланка. Веселиот, распеан карван поминувајќи низ седум градови од Македонија, понуди освежување со многу детски ноти и вкусни витамински Вива сокчиња. На овој музички карван присуствуваа повеќе од 6.000 деца.

Претставниците на Вива ги информираа и едуцираа најмалите за здравите навики. Атмосферата беше комплетна со водителот Влатко Илиевски кој ги забавуваше децата со интерактивни игри и мини натпревари.