Katapult.bа – прва босанска crowdfunding платформа

29

ba

Првата платформа за групно финансирање, Katapult.ba, има за цел да го поттикнува претприемништвото, обезбедување на почетни средства за формирање различни старт – ап компании или бизнис идеи, како и можност за поголеми и помали вложувања.

Еден од проектите на Katapult е – Биди делот што недостасува, што успеа да ја достигне својата цел да собере над 1.000 евра.

“Ова е почеток на она што се надеваме дека ќе стане секојдневие во Босна и Херцеговина, а тоа е групно финансирање и помагање на старт – ап бизнисите, како и на малите бизниси, но и на проекти од социјален и општествен карактер. Во овој проект влеговме со многу ентузијазам и се надеваме дека успесите ќе продолжат“, велат од Katapult, пренесува klix.ba.

Кампањата Биди делот што недостасува е дел од програмата Постар брат, постара сестра, чија цел е социјално вклучување на деца од социјално и материјално загрозени семејства и деца од домови за деца без родителска грижа од подрачјето на Сараево.

Katapult.ba е проект што го поддржува USAID и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој.