Проектот Beyond Horizon за изградба на елитен хотел и ексклузивни вили во Тиват ќе биде запрен поради проблеми со стекнување сопственост над земјиште. Државниот инвестициски фонд од Катар, Qatari Diar, одлучи да го запре проектот за изградба на ексклузивен туристички ресорт во Пржно кај Тиват и да се повлече од Црна Гора, пишува Вијести.
“По повеќе од три години планирање и голема посветеност на подготовките, проблемите околу стекнувањето на сопственост над земјиштето во моментов го прават проектот неодржлив. Затоа Qatari Diar ги повлекува своите планови за развој на проектот вреден 350 милиони евра и постепено ги запира своите операции во Црна Гора”, вели извор за Вијести.
Атрактивната локација од скоро 300.000 квадрати, Qatari Diar ја купил пред четири години за скоро 25 милиони евра од тиватската приватна компанија ХТП Приморје.