Катастарот нема да работи денеска и утре поради надградба на електронскиот систем

28

katastar-580x266

Електронскиот шалтер, шалтерите во Центарот за катастар на недвижности во Скопје, како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија денеска и утре нема да примаат барања и да издаваат податоци, пишува Миа.

Причината за ова е надградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија.

“По надградбите на електронскиот систем и хардвер, Катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти, ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците, информира Агенцијата за катастар на недвижности.