На традиционалната ранг-листа Топ 500 компании во централна Европа 2012 на ревизорско – консултантската куќа Дилоит за 2011 година, од Македонија повторно се најде само Окта.
Цените на акциите на азиските берзи во средата паднаа на најниско ниво во пет месеци поради загриженоста на инвеститорите за слабеењето на индустриските активности во најсилните светски економии. Покрај ова, инвеститорите стравуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) нема да биде доволно агресивна во сузбивањето на должничката криза.
Девет од десет трговци во Солун се незадоволни од профитот од летните попусти.
И покрај кризата во еврозоната, шест европски земји се наоѓаат во топ десетте најконкурентни земји во светот.
Иако сите меѓународни институции веќе со години зборуваа дека Хрватска мора да ја зајакне економијата, пазарот и да понуди поатрактивен производ и да го зголеми извозот, Хрватска не ја искористи кризата и може да се каже дека е единствена во Европа која денес извезува помалку од 2007.
ОКТА, Македонски Телеком, Макпетрол, Лукоил, Витаминка, Гранит, Бетон, Арчелор Митал, Макстил, Алкалоид, ЕЛЕМ, ЕВН, МЕПСО, Фени Индустри, Орка Холдинг, Империјал Тобако, се меѓу рангираните на листата 200 најголеми и најуспешни компании во земјава.
Потребни се 1,2 милијарди евра за ревитализација на постоечките и изградба на нови енергетски објекти, за енергетско поврзување со земјите од регионот, како и за целосно спроведување на останатите мерки, активности и задачи содржани во Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката











