Анализи

Во 2011 во споредба со 2010 година најголем раст во бројот на завршени станови има во Полошкиот статистички регион и во Југозападниот регион.
Во Белене над 80% бил завршен атомски реактор, кој наместо да биде довршен целосно и да носи приходи, бил демонтиран и продаден на Русија, на хартија за 200 милиони евра, но досега се добиени 78 милиони евра, велат економски експерти во Бугарија.
Фирми се почесто сакаат да им се плаќа во аванс или да ги добиваат парите веднаш откако ќе ја испорачаат стоката. Плаќање на одложено никој не го прифаќа, велат бизнимените во Бугарија. Главната причина за тоа е недостатокот на доверба поради кризата.
Влезот на Хрватска во еврозоната ќе донесе повеќе корист отколку штета, смета гувернерот на Народната банка на Хрватска, Борис Вујучиќ.
Во првите десет земји најдобри плаќачи меѓу компаниите на сметките и другите обврски во дадениот рок во текот на месецот се Романците.
Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека не треба да се потценуваат последиците од европската должничка криза. Кризата може да има големи последици за светската економија.
Во Хрватска, секој вработен во реалниот сектор на својот грб носи 1,8 пензионери, службеници и невработени.
На естонската економија и оди добро, па затоа и властите не очекуваат нивната земја да биде зафатена од кризата во еврозоната.
Во последниот извештај на Светската банка се повикува на интегрирање на неформалниот труд во источна Европа со фирмите во формалната економија. Намалувањето на сивата економија и промовирање на формалното вработување треба да биде клуч за одржлив економски просперитет во источна Европа.
На традиционалната ранг-листа Топ 500 компании во централна Европа 2012 на ревизорско – консултантската куќа Дилоит за 2011 година, од Македонија повторно се најде само Окта.
Цените на акциите на азиските берзи во средата паднаа на најниско ниво во пет месеци поради загриженоста на инвеститорите за слабеењето на индустриските активности во најсилните светски економии. Покрај ова, инвеститорите стравуваат дека Европската централна банка (ЕЦБ) нема да биде доволно агресивна во сузбивањето на должничката криза.
Девет од десет трговци во Солун се незадоволни од профитот од летните попусти.
И покрај кризата во еврозоната, шест европски земји се наоѓаат во топ десетте најконкурентни земји во светот.
Иако сите меѓународни институции веќе со години зборуваа дека Хрватска мора да ја зајакне економијата, пазарот и да понуди поатрактивен производ и да го зголеми извозот, Хрватска не ја искористи кризата и може да се каже дека е единствена во Европа која денес извезува помалку од 2007.
ОКТА, Македонски Телеком, Макпетрол, Лукоил, Витаминка, Гранит, Бетон, Арчелор Митал, Макстил, Алкалоид, ЕЛЕМ, ЕВН, МЕПСО, Фени Индустри, Орка Холдинг, Империјал Тобако, се меѓу рангираните на листата 200 најголеми и најуспешни компании во земјава.
Потребни се 1,2 милијарди евра за ревитализација на постоечките и изградба на нови енергетски објекти, за енергетско поврзување со земјите од регионот, како и за целосно спроведување на останатите мерки, активности и задачи содржани во Програмата за реализација на Стратегијата за развој на енергетиката