Оланд за пример како се штеди во време на криза

24

Францускиот претседател Франсоа Оланд, во првите два месеци откако е на власт, излегол со многу оргинални идеи за тоа како да се заштедат пари во време на криза и каде да се пренасочат за да им помогнат на оние што навистина им се неопходни. Оландовите мерки за штедење се толку ефикасни што ги уплашило Владите во другите европски земји. Мерките не прeдизвикале инфлација, а продуктивноста и конкурентноста се зголемила за прв пат во последните три години.

Оланд, 100% ги укинал протоколарните возила и ги продал на аукција. Приходот од продажбата го наменил за изградба на инфраструктурни проекти во предградијата.

Оланд објавил и документ со кој на сите државни претпријатија им ги укинува службените возила. Тој верува дека секој вработен кој заработува 600.000  евра годишно, може да купи автомобил. Ако тоа не го стори, или е скржав или неспособен или корумпиран, а на државните институции не и требаат такви луѓе. На овој начин ќе се заштедат 345 милиони евра, кои се инвестирано во нови истражувачки институти за модерна технологија, и на тој начин се вработиле 2.560 млади истражувачи.

Оланд со претседателски декрет ги зголемил даноците на сите семејства, не на поединци, чии годишни приходи се над 5 милиони евра. Со тие пари, без да го допре државниот буџет, оваа година ќе се вработат околу 60.000 образовани кадри, а од 1 септември 6.900, и во октомври 12.500 наставници и професори во државниет образовни институции. На цркавата и ја укинал помошта од 2,3 милијарди евра, пари со кои римокатоличката црква финансирала приватни лицa и училишта. Со овие пари ќе се градат 4.500 државни градинки и 3.600 основни училишта. Оланд вовел бонуси за култарата, на пример во библиотеките. Oние што ќе вработат наjмалку двајца дипломирани експерти, ќе бидат ослободени од данок. Ги укинал и владините и државните весници, ревии, фондации и издавачки куќи. Овие институции ги заменил со клубови кои го промовираат развојот на претприемништво со поголема додадена вредност. Банките кои инвестираат во развој на домашното земјоделство, ќе добијат даночни олеснувања, а на оние банки пак кои се занимаваат само со парични трансакции ќе им бидат зголемени даноците. Веќе е познато дека на државните службеници им ги намали плататите за 25%, 33% на партениците, а на другите високи државни службеници кои заработуваат над 800.000 евра годишно, им ги намалил приходите за 40%.  На овој начин ќе заштедат 4 милијарди евра, со кои ќе им се помогне на социјалните категории. На пример, самохраните мајки ќе добијат олеснувања во првите пет години. Сите овие програми за помош на најсиромашните не допираат ниту денар од буџетот.