Казино индустријата во САД руши рекорди

33

Коцкарниците во САД забележаа одлични резултати во првиот квартал од оваа година, бидејќи посетителите се вратија во казината, а онлајн обложувањето, исто така, помогна да се зголемат приходите.

Според податоците на Американската асоцијација за игри на среќа, казино индустријата оствари 11,1 милијарда долари приходи во првиот квартал. Тоа е најдобар резултат во историјата на коцкарниците од третиот квартал во 2019 година.

Првиот квартал од 2021 година на коцкарниците им донесе скоро 18% поголем приход одошто во првиот квартал од минатата година, кога пандемијата почна да зема замав, а приходите се за 4% повисоки во однос на првите три месеци од 2019 година.

Спортските обложувалници во првиот квартал имале приходи од 961 милион долар, што е пораст од 270% во однос на истиот период лани, што претставува своевиден рекорд, а бројката ги надмина и приходите остварени во текот на целата 2019 година, кога беа на ниво од 909 милиони долари.

Фото: Pexels