Казнети три нискобуџетни авиокомпании во Италија

20

Италијанското регулаторно тело казни три нискобуџетни авиокомпании бидејќи нуделе кредити, но не и враќање пари за летови што морало да бидат откажани поради пандемијата.

Казните се однесуваат на ирски Ryanair, британски EasyJet и шпанскa Volotea, a се однесуваат на летови откажани по трети јуни минатата година.

Телото за заштита на пазарна конкуренција на Италија објави дека тие компании имале “збунувачка пракса“ и на купувачите им нуделе “збунувачки информации“, коишто не биле доволно јасни во врска со нивните права.

Одлуката за доделување кредити што би можеле да се користат за надомест на купување на билети, им ја отежнала одлуката на патниците да бараат поврат на пари.

Поради тоа, Ryanair ќе мора да плати 4,2 милиони евра, EasyJet 2,8 милиони евра, а Volotea 1,4 милиони евра.

Фото: Pexels