КБ фонд со заштеда од над 200 милиони евра

9

image_1333564799_27КБ Прво пензиско друштво АД Скопје денес соопшти дека заштедите на членовите на Задолжителниот пензиски фонд, со кој управува компанијата, го надминаа износот од 200 милиони евра.

Со ова, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје кое управува со КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд и КБ Прв отворен доброволен пензиски фонд, стана првото пензиско друштво во Македонија кое управува со капитално финансиран пензиски фонд поголем од 200 милиони евра, средства што се во сопственост на членовите на Фондот.

Понатаму во соопштенито се наведува дека во текот на досегашното работење, од 2005 година па наваму, во КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд – Скопје, вклучени се повеќе од 174 илјади членови и времено распределени лица, чиишто средства заедно со остварениот принос од инвестиции придонесоа за остварување на респектабилен износ на пензиски заштеди што членовите ќе можат да ги користат во иднина.