Ќе рециклираат стари барбики и од нив ќе прават нови играчки

210

Американскиот производител на играчки, Mattel, меѓу кои најпознати се куклите Barbie, развива нова програма под името Mattel PlayBack. Станува збор за акција во којашто ќе се собираат стари играчки од брендот, ќе се рециклираат и повторно ќе се употребат за производство на нови.

“Играчките на Mattel се создадени да траат и да се пренесуваат од генерација на генерација. Нашата нова програма е одличен пример за тоа, бидејќи ќе ни овозможи од играчките што го поминале својот животен век да создадеме рециклиран материјал за производство на нови“, вели Ричард Диксон, оперативен директор на Mattel.

Оваа програма е во рамки на целта на компанијата до 2030 година во сите свои производи и амбалажа да користи 100% рециклирани материјали или пластични материјали на еколошка основа.

Фото: Facebook