Ќе се бараат партнери за фондот на Македонија 2025 и СЕАФ

29

macedonia2025Организацијата Македонија 2025 наскоро ќе започне да бара инвеститори за фондот што треба да го финансира дијаспората, а чие формирање беше најавено на минатогодишниот Глобален инвестициски самит во Охрид.

Според извршниот директор на Македонија 2025 Мајкл Фентон, во текот на вториот Глобален инвестициски самит, ќе биде објавена новата фаза од ова партнерство и договорот ќе почне да се спроведува наскоро.

“Многу добро ни оди со формирањето на најавениот фонд. Извршниот директор на СЕАФ Македонија спомена дека тоа е ново за Македонија и ќе биде потребно време. Македонија е веќе влезена во тој процес и ќе почнеме да бараме партнери за 2014 година”, изјави Фентон за МИА, додавајќи дека веќе имаат ветување за учество во фондот од претставници од македонската дијаспора.

Како што информираше тој, покрај дијаспората и СЕАФ, фондот ќе го финансираат и неговите извори, финансиски институции, пензиски фондови, приватни инвеститори, како од Македонија, така и од странство.