Ќе се испитува загаденоста на почвата во поплавените подрачја

18

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе ја испитува почвата во поплавените подрачја. Примероци ќе бидат однесени на анализа во лаборатории и за 10 дена ќе се знае дали земјоделците ќе можат повторно да ги сеат и обработуваат нивите, јавува Миа.

По завршувањето на анализата на земените примероци, согласно методологијата за агрохемиска и микробиолошка анализа на земјиштето, ќе биде направен извештај и проценка на моменталната состојба на земјиштето.

Доколку почвата е загадена, ќе бидат предложени и преземени мерки за таа да се врати во првобитната состојба пред поплавите.