Ќе се намали ли производството на нафта во следните месеци?

12

Земјите членки на Организацијата на земји извознички на нафта OPEK и нивните сојузници OPEK+ со согласиле за дневно намалување на производството на нафта во февруари и март, што ќе изнесува до 7,125 милиони барели, пренесува TASS.

Според нивните информации, членките на OPEK ќе го намалат производството за 7,2 милиони барел дневно, но во февруари и март Русија и Казахстан ќе можат да го зголемат производството за 75.000 и 10.000 барели.

“Ова зголемување ќе го следи пропорционално и доброволно намалување во Саудиска Арабија. Со овој компромис, Русија и Казахстан го добија тоа што го сакаа, а тоа е зголемување на производството“, велат извори за TASS.

Следниот состанок на OPEK+ е закажан за почетокот на март.

Фото: Freepik