Ќе се отвора најскапиот ресторан на Ибица

56

sublimotion-ibizia-interior

Најскапиот ресторан наскоро ќе биде отворен во Ибица, Шпанија. Отворањето на SubliMotion ќе биде во мај во Hard Rock Hotel во Playa d’en Bossa и 12 гости ќе уживаат во 20-те закуски што ќе ги чинат 1.235 фунти по лице, односно повеќе од 2.000 долари, според The Daily Mail.

„Што е SubliMotion? Тешко е да се објасни. Тоа е страсната гастрономија на Ибица. Радикално и различно шоу, што можете да го доживеете сами“, вели готвачот Пако Ронцеро во промотивното видео.

Ѕидовите на ресторанот се виртуелно лајт шоу, а слики во движење се проектираат на масата. Ќе имате чувство дека јадете во градина, кадешто ви летаат пеперутки. Декорот е контролиран од оператор што ги гледа гостите како вечераат и го менува осветлувањето или сцената соодветно, за да се координираат со првиот залак на клиентот или пристигнувањето на новата закуска.

„Микро средината зависи од готвачот, кој е емитерот. Ресиверот е гостинот, јадењето е пораката, а поставувењето на храната е каналот. Сето тоа се случува во микро средина, што всушност го претставува местото за вечера. На пример, да јадете на плажа и да јадете на полјана, не е исто“, објаснува главниот готвач Ронцеро.

Ронцеро е еден од најпознатите готвачи во Шпанија и во моментов има пет ресторани низ целиот свет, не вклучувајќи го и претстојниот SubliMotion.

Поледнете како изгледа сето тоа.