Ќе се проширува Суецкиот канал

19

Управата на Суецкиот канал размислува да го прошири јужниот дел на пловниот пат што беше блокиран од огромен товарен брод, изјави нејзиниот директор, Осама Рабие.

Бродот Ever Given, долг 400 метри, се заглави на 23-ти март во јужниот дел на каналот поради песочна бура и силни ветришта што ја намалуваат видливоста. Сообраќајот беше блокиран шест дена, што предизвика голема штета во глобалната трговија.

Ever Given потоа беше пренасочен кон езеро што ги раздвојува двата дела од каналот заради истрага.

Управата истакнува дека и понатаму низ каналот поминуваат големи бродови, додавајќи дека планираат да ги подобрат капацитетите за решавање на проблемите што би можеле да се појават во иднина.

Планираат да набават и дигалка што би можела да крене товар на висина до 250 метри.

Фото: Facebook