Ќе се прска против комарци на повеќе места во Македонија

43

Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство, поради зачестените климатски промени и топлотните бранови кои ја зафатија Република Македонија, продолжуваат со активностите за прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) и терестрична апликација на средство за уништување на ларви од комарци на стоечки водени површини (ларвицидна дезинсекција).

Во петок на 26.07.2013 година започнувајки од 05:00 часот наутро ќе се третираат општините Ресен 1000 хектари, Крушево 750 хектари, Чешиново Облешево 900 хектари, Берово 850 хектари.
Во сабота на 27.07.2013 година во истото време ќе се третираат општините Охрид 1500 хектари и Дојран 1000 хектари.
Доколку временските услови не дозволуваат да се извршат третманите , ќе се одложат за наредниот ден.
Инаку, согласно договорот предвидено е да се прска: во Дојран 1000 хе 3 (три) пати, Охрид 1500 ха 2 (два) пати, Ресен 1000 ха 2 (два) пати, Крушево 750 ха 1 (еднаш), Берово 850 ха 1 (еднаш) и Чешиново Облешево 900 ха 2 (два) пати.
На утврдените 6 локации, дезинсекцијата ќе се извршува на вкупна површина од 6.000 хектари за едно прскање, по воздушен и земен пат.