Ќе заборавиме ли што е кеш?

32

Потрошувачите во еврозоната повеќе плаќаат со картички одошто со готовина од почетокот на пандемијата и планираат да продолжат со таа пракса. Ваквата пракса е поттикната и од подобрите услови за електронско плаќање, покажува истражувањето на Европската централна банка.

Пандемијата го забрза бесконтактното плаќање со картички, телефони, па дури и часовници.

Околу 40% од испитаниците во истражувањето изјавиле дека од почетокот на пандемијата помалку користат готовина, а 87% од нив планираат да ја задржат оваа навика и откако ќе заврши пандемијата.

Како најчеста причина за промена на навиките е олеснетото електронско плаќање во малопродажба, поради страв што го носат банкнотите.

Испитаниците од Шпанија и Португалија најмногу се грижат вирусот да не добијат преку допир со банкнотите, додека тој ризик е најмал во Естонија, Австрија и Словенија.

Фото: Freepik