Кey safety system планира отворање на 800 нови работни места

33

kss

Вкупно 800 работни места планира да отвори американската компанија Key Safety System (КСС) чиј производствен погон што ќе се гради во слободната економска зона во Кичево, треба да биде готов во вотрата половина на идната година.

Изградбата ќе почне пред крајот на оваа година, а за време на третиот квартал од 2015-та, фабриката ќе биде целосно функционална.

“Претставниците на КСС се тука цела недела, избираат фирма која ќе го гради објектот во зоната во Кичево. Како што имаа можност да видат, завршена е адаптацијата на постоечкиот објект во кој ќе се почне со работа додека се изгради новиот во зоната. Видовме и до каде се активиностите за завршување на инфраструктурата“, изјави директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо, пренесува Миа.

Менаџери, ИТ инженери, контролори на производство и квалитет, техничари, се само некои од струките што ќе и бидат неопходни на компанијата. Заинтерсираните може да се јават на огласите за интервју.

Како што информира заменик – преседателот за глобално производство на КСС, Џим Скарпа, по почетокот со работа во постоечката браунфилд инвестиција која напредува многу добро, компанијата веднаш ќе почне со регрутирање и драстично зголемување на бројот на вработените.

“Во браунфилд фазата ќе се вработат околу 100 лица, а во следните години бројката ќе достигне 500 до 700“, истакна Скарпа.

КСС планира голем дел од вработените да одат на обука. Тоа ќе важи и за менаџерскиот кадар.

Во сите слободни економски зони моментално има околу 3.200 вработени, а до крајот на годината се очекува бројката достигне 3.500.

КСС произведува водушни перничиња за автомобилската индустрија, појаси и електроника. Има 34 фабрики во 12 земји.