КХВ издаде одобрение за 12-тата емисија на акции на Халк Банк

21

halkbank

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) издаде одобрение за 12-тата емисија на акции на Халк Банк по пат на приватна понуда.

“Со дванаесетта емисија на акции, Халк Банк АД Скопје ќе издаде 73.949 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 739.490.000 денари. Зголемувањето на основната главнина со нови парични влогови се врши за познат купувач –институционалниот инвеститор Turkiye Halk Bankasi Anonim Sirketi од Република Турција“, стои во соопштението.

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност Сашо Дракуловски и во наредните четири години да биде именуван за директор на брокерската куќа Еурохаус АД Скопје. Сашо Дракуловски и досега беше на оваа позиција.

Исто так , КХВ издаде една, а обнови две лиценци за инвестициски советници.