КХВ: Понудата за преземање на Охридска банка е успешна

140

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) донесе решение со коешто понудата за преземање на Охридска банка, што ја даде Steiermärkische Bank und Sparkassen AG од Австрија, се утврди за успешна.

Понудата за преземање била прифатена од 143 лица, кои поседуваат 472.839 обични акции со право на глас што претставува 91,5733 % од вкупниот број на издадени обични акции во Охридска банка АД Скопје. Преземањето на хартиите од вредност се врши по цена од 6.298,79 денари по акција. Понудата за преземање се однесуваше на 516.350 обични акции со право на глас, издадени од Охридска банка АД Скопје, а најмалата количина на хартии од вредност која требаше да се прифати за понудата да се смета за успешна беше 384.844 обични акции, која е надмината.

Фото: Pixabay