Кина: “Бесконтактно“ купување во ресторани за брза храна

82

Бидејќи корона вирусот и понатаму се шири во Кина, расте бројот на ресторани за брза храна коишто нудат автоматизирана услуга на потрошувачите.

Па така, McDonald’s имплементираше бесконтактно купување и испорака на храна од мените, поради корона вирусот. Купувачите порачуваат преку нивните мобилни телефони или компјутери поставени во рестораните. По што, вработените го пакуваат оброците и ги ставаат на посебно место каде што нема контакт меѓу луѓето.

Лицата кои вршат испорака на храна со себе носат картички на коишто се наведува дека на лицата кои ја подготвувале и пакувале храната им е измерена телесна температура и нема простор за паника.

Starbucks им предлага на купувачите да порачаат кафе преку нивната апликација, а потоа да причекаат надвор од кафетеријата додека не добијат информација дека можат да си ја земат нарачката. Порачките се поставуваат на масичките на влезот во кафетеријата.

Во Кина и пред избивање на корона вирусот се употребувал овој начин на порачка, плаќање и достава на храна, но сега може да се забрза процесот на модернизирање на бесконтактните услуги.

Фото: Facebook