Кина е лута откако нејзината вселенска станица за малку ќе се судрела со сателитите на Илон Маск

155

Кина соопшти дека нејзината вселенска станица применила контролни мерки за да спречи судир со сателитите Старлинк на Илон Маск во јули и октомври и ги повика Соединетите држави да „преземат одговорност“.

Пекинг ги повика Обединетите нации да ги потсетат Соединетите Држави да го почитуваат договорот со кој се уредува вселената, откако вселенските сателити лансирани од леталото SpaceX на технолошката компанија Илон Маск за малку ќе се судреа со нејзината вселенска станица двапати во изминатата година.

Кина соопшти дека нејзината вселенска станица применила мерки за контрола на спречување судири во јули и октомври за да избегне судир со сателитите Starlink, во неодамнешниот извештај поднесен од Пекинг до Комитетот на ОН за мирољубиво користење на вселената претходно овој месец.

„Кина сака да побара од генералниот секретар на Обединетите нации да ги проследи овие информации до сите држави потписнички на Договорот за вселенски работи“, се вели во извештајот. Се додава дека државите потписнички мора да „носат меѓународна одговорност“ за националните активности што ги спроведуваат и владините и невладините тела во вселената.