Кина го гради дигиталниот Пат на свилата од Азија преку Африка до Европа

35

Кина ќе го поставува финалниот дел од прекуграничниот оптички кабел во Пакистан со што ќе го изгради Дигиталниот пат на свилата (Digital Silk Road), пренесуваат медиумите од Далечниот исток.

Оптичкиот кабел ќе се поврзе со подморскиот кабел во Арапското море. Во овој момент кабелот се поставува меѓу пакистанскиот град Равалпинди и пристанишните градови Карачи и Гвадар.

Проектот е вреден 240 милиони, а се спроведуа во партнерство со кинеската компанија Huawei Techologies, а е одобрена од владата во Пекинг минатата недела.

Медитеранскиот дел од кабелот е поставен и се протега од Египет до Франција. Се очекува кабелот долг 15.000 километри да биде пуштен во употреба оваа година.

Фото: Freepik