Кина гради железница до САД што ќе чини 200 милијарди долари

86

Кина наводно планира изградба на многу брза железничка пруга долга 13.000 километри што би ја поврзала далекуисточната земја со САД, а цената проектот е околу 200 милијарди долари.

Таа железничка мрежа би поминала преку Сибир, потоа под Берингов мореуз, па преку Алјаска, канадските територии Јукон и Британска Колумбија, сè до главниот копнен дел на САД.

За да може да ја воспостави оваа врска, Кина би можела да продолжи со изградба на супербза железница до секој агол на Америка.

Плановите за поврзување со САД се појавија уште во 2014 година, кога локалните медиуми известувале дека Кина планира да изгради супербрза железница од 13.000 километри. Во тоа време, кинеските инженери тврделе дека веќе преговараат со руски колеги за почеток на изградбата на таа железничка мегалинија уверени дека изградбата е возможна со постоечката технологија.

Кина веќе ги направи првите чекори што покажуваат дека нивниот план и не е толку незамислив.

Уште во 2018 година Кина одобри изградба на првата светска супербрза железница што ќе ги поврзе Шангај со архипелаг што се наоѓа на 77 километри од крајбрежјето на копнениот дел на Кина, пренесува Спутник.

Фото: Pexels