Кина ја замени Германија и стана најголем увозен пазар на Велика Британија

26

Кина за првпат ја надмина Германија на позицијата најголем поединечен увозен пазар за Велика Британија.

Увозот на производи од Кина во Велика Британија од почетокот на 2018 година порасна за 66% и во првите три месеци од оваа година изнесувал 16,9 милијарди фунти (24 милијарди долари).

Увозот од Германија, во истиот период, се намали за една четвртина на 12,5 милијарди фунти.

Откако се собираат податоци од 1997-ма година, Германија постојано била на челно место со најголем увоз во Велика Британија, освен во шестмесечен период на крајот на 2000-та година и на почетокот на 2001-ва кога накратко го замени САД.

Фото: Pexels