Кина ќе вакцини 50 милиони луѓе за лунарна Нова година

13

Кина планира да вакцини 50 милиони луѓе против коронавирусот пред почетокот на сезоната на патувања за лунарната Нова година, на почетокот на 2021-ва година, пишува South China Morning Post.

Кинезите секоја година патуваат за да можат со семејството да ја прослават лунарната или кинеска Нова година, што уште се нарекува и фестивал на пролетта.

Пекинг планира да дистрибуира 100 милиони дози вакцини од кинеските производители Sinopharm и Sinovac Biotech.

Кина издаде вонредно одобрение за две вакцини на Sinopharm и една на Sinovac Biotech, а одобри и уште една од производителот Sino Biologics Inc за воена употреба.

Целта на масовно вакцинирање е висок приоритет за да се намали ризикот од ширење на болеста во текот на празниците.

Фото: Freepik