Кина очекува поумерен раст на трговската размена во втората половина од годината

23

Кинескиот извоз во јуни се зголеми за една третина благодарение на силната глобална побарувачка, но трговската размена би можела да забави во втората половина од годината, поради неизвесноста што ја носи ширењето на делта сојот на коронавирусот.

Кинеската трговска размена со светот во изминатите месеци беше под благ притисок поради глобалниот недостиг на чипови, проблеми во логистиката и повисоките цени на суровините и трошоците за превоз, пренесува Ројтерс.

Во јуни кинескиот извоз порасна за 32,2% во однос на истиот период лани, по 27,9% раст во мај.

Увозот надмина 36,7% одразувајќи ги високите цени на суровините.

Фото: Pexels