Кина очекува силен раст на трговската размена

27

Се очекува извозот и увозот на Кина да земат голем замав во следните месеци поттикнати од силниот раст и закрепнување на домашната и глобалната економија, се наведува во анализата на Oxford Economics.

“Очекуваме извозот да остане силен и во текот на следните месеци. Силното економско заздравување е основа за раст на извозот на Кина во 2021 година и покрај намалување на побарувачката поврзана со пандемијата подоцна оваа година“, се наведува во извештајот.

Вкупниот увоз и извоз на стоки во Кина се зголеми за 28,5% на годишно ниво на 1,8 билиони долари во првите четири месеци од оваа година. Тоа значи пораст од 21,8% во однос на нивото пред пандемијата во 2019 година.

Извозот се зголеми за 33,8% во споредба со истиот период лани, додека кај увозот има пораст од 22,7%.

Во меѓувреме, скокот на домашниот туризам во Кина ја поттикна потрошувачката, бидејќи земјата на ефикасен начин се справи со пандемијата.

Фото: Pexels