Кина од извоз на мобилни телефони инкасираше 141 милијарда долари

100

Кина е најголемиот извозник на мобилни телефони во светот од чија продажба лани инкасираше 141.683.901.000 долари.

Зад најголемиот извозник следуваат: Виетнам (37,5 милијарди долари), Хонг Конг (31 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (16 милијарди долари) и САД (10 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија е 38-ма со извоз на мобилните телефони вредни 134 милиони долари. Бугарија и Грција минатата година оствари извоз на мобилни телефони во висина од околу 100 милиони долари. Србија е 56-та во светот со извоз во висина од 35 милиони долари, а зад нејзе е Хрватска со извоз од 35 милиони долари. Македонија минатата година реализирала извоз на мобилни телефони во вредност од 1,2 милиони долари.

Фото: Pixabay