Кина од пандемијата излезе како апсолутен победник

45

Кина од пандемијата е уште посилна, а доказ за тоа се и зголемените директни странски инвестиции во земјата. Според официјални информации, странските директни инвестиции во Кина забележаа раст од јануари до крајот на септември за 2,5% во однос на истиот период лани и покрај пандемијата, пишува Financial Times.

Само во септември, странски инвеститори во Кина вложиле 14 милијарди долари, што е пораст од дури 25% во однос на истиот период минатата година, а растот е во континуитет од април. Во октомври, странските директни инвестиции во Кина се зголемени за 18%.

Од кинеското министерство за трговија сметаат дека инвеститорите во земјата гледаат сигурно место за вложување и имаат информации дека компании како што се BMW, Siemens, LG и Toyota имаат големи планови.

Од друга страна, кинеските странски директни инвестиции во други земји изнесуваат 77 милијарди долари, што е двојно помалку од 2017-та година.

Фото: Freepik