За Кина извозот е еден од главните поттикнувачи на економскиот раст. За да може да ја заживее не само сопствената, туку и глобалната економија, Кина воведува иновативно решение – поттикнување на електронската трговија, пренесува Спутник.
Минатата година, малопродажбата во меѓународната електронска трговија во Кина порасна за 38,3% на 26,4 милијарди долари.
“Мислам дека ова е сосема логично. Поради застојот во текот на пандемијата, многу подрачја, вклучувајќи ја и меѓународната трговија, беа тешко погодени, а Кина е силно зависна од меѓународната трговија. Затоа, иновациите во трговијата се очекува да му помогнат на економското заздравување. Тргувањето преку интернет е неизбежен тренд, посебно кога е погодена offline трговијата. Ова ќе се однесува и на меѓународната трговија“, вели Џоу Нијанли, научен соработник во кинескиот центар за истражувања на Светската трговска организација.
Резидентните компании што ќе бидат вклучени во пилот прекугранична зона на електронска трговија ќе имаат одредени олеснувања од државата, односно ќе бидат ослободени од плаќање акциза и данок на додадена вредност на прекуграничен извоз.
Кина како најголем играч на глобалниот пазар на електронската трговија, може да придонесе да се воведат нови механизми за тргување.
Фото: Pixabay