Кина предлага со QR код да се вратат патувањата по пандемијата

51

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг предложи патувања по пандемијата да го обноват “глобалниот механизам“ што се базира на употреба на QR код заради утврдување на здравствената состојба, пренесуваат светските медиуми.

“Мора дополнително да ги ускаладиме мерките и стандардите и да организираме ‘брзи патишта’ за да го олесниме протокот на луѓе“, рекол кинескиот претседател.

Кодот би можел да се користи за признавање на “здравствена потврда издадена на основа на резултат од тест на нуклеинска киселина“.

Не навел детали околу тоа како ќе функционира таквиот режим, ниту во која мера ќе се следи моделот на кинеските апликации за вчитување на QR кодови, што се користат за сузбивање на вирусот.

Во Кина од март на сила е програма во чии рамки граѓаните се поделени според здравствен код. Зелениот код сигнализира дозвола за патување, а жолтиот и црвениот подразбираат задолжителен карантин. Се темелат на комбинација на податоци и информации што ги доставуваат самите корисници.

Фото: Freepik