Кина развива соларни ќелии за секакви временски прилики

21

solarni-paneli-pixabay

Фото: Unsplash / Pixabay

Кинески научници истражуваат соларни ќелии за сите временски прилики, пишува China radio international на хрватски јазик.

“Истражувањето на соларните ќелии беше насочено кон подигнување на ефикасноста за претворање на фотонапонската енергија под директно влијание на сончевите зраци, но сега откриваме можности за поефикасна конверзија на фотонапонската енергија и во услови на лошо осветлување, на пример кога врне, има магла или ноќе“, вели Танг Кунвеи, професор на Океанографскиот универзитет во Кина.

Тимот на Танг, како и тимот под водство на професорот Јанг Пежи од Универзитетот Јунан, развија соларни ќелии, користејќи материјал направен од фосфор (long persistent phosphor, LPP).