Кина развива технологија што ќе го менува времето

30

Властите во Кина развиваат експериментална програма за модифицирање на временските услови со којашто ќе покријат 5,5 милиони квадратни километри.

Според CNN, Кина до 2025 година ќе развие систем за модифицирање на времето, благодарение на голем технолошки напредок, како и унапредување на системот за превенција на безбедносни ризици.

Во следните пет години, вкупната површина на којашто вештачки ќе се предизвика снег или дожд ќе биде 5,5 милиони квадратни километри, додека на 580.000 квадрати новиот систем ќе спречи појава на град.

Програмата се очекува да ги намали штетите од временски неприлики, зголемување на земјоделското производство и итни реакции при избивање на пожар, како и намалување на последиците од сушата.

Кина веќе долго време се обидува да ги совлада временски прилики за да го заштити земјоделското производство и да обезбеди ведро небо за одредени манифестации, како што се воени паради, политички собири или Олимписки игри.

Фото: Freepik