Кина со нови мерки поттикнува потрошувачка

34

Кина ќе воведе нови мерки за поттикнување на потрошувачката на производи во клучните сектори и искористување на потенцијалот на руралната потрошувачка, се вели во соопштението на Државниот совет.

Податоците на Министерството за трговија покажуваат дека во 2019 година, малопродажбата на автомобили, апарати за домаќинство, мебел, градежни материјали и угостителство претставува околу 25% од вкупната продажба на мало во Кина, а малопродажбата на овие производи во руралните области изнесува 14,7 %.

Во октомври, вкупната продажба на мало порасна за 4,3 % на годишно ниво, забележувајќи позитивен раст три месеци по ред.

“Треба да истражиме нови моменти во потрошувачката со цел да ја стимулираме домашната побарувачка“, рече кинескиот премиер Ли Кечијанг.

Локалните власти се охрабруваат да преземат чекори за забрзување на набавките на автомобили и зголемување на квотите за регистарски таблички. Одлуките на Државниот совет наведуваат дека давателите на угостителски услуги се охрабруваат да ги направат своите менија и услуги поразновидни и надградени, но и да го подигнат стандардот на услугите.

Подигнувањето на нивото на потрошувачка во области и градови ќе служи како упориште за поттикнување на руралната потрошувачка. Ќе се работи повеќе на изградба на деловни и трговски објекти во различни кинески области и општини, како и логистички места во селата.

Фото: Freepik