Кина забрани увоз на свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина

49

Кина забрани директен и индиректен увоз на домашни и диви свињи од Хрватска и Босна и Херцеговина поради избувнувањето на африканската свинска чума.

Сите животни кои ќе влезат на кинеската територија од тие земји ќе бидат вратени во нивната земја на потекло или убиени, се вели во две соопштенија на кинеската царинска управа.

Во Хрватска, според Министерството за земјоделство на крајот на минатата недела, болеста е потврдена на 35 фарми, а еден случај е забележан и кај популацијата на диви свињи, пренесува Индекс.

Министерството посочи дека ги заострила мерките за сузбивање на нелегалната трговија со цел да се спречи ширење на заразата.