Кината најдоа начин да заработат за време на пандемија

51

Кината во Јужна Кореја подолго време се под катанец или делумно затворени порад пандемијата на коронавирус, а сега најдоа начин да заработат додека трае коронакризата.

Имено, сопствениците на кина почнаа да изнајмуваат празни сали и големите  кино – екрани на гејмери за играње на компјутерски игри.

Па така во оваа земја не е реткост во сала која собира 200 луѓе, да седат само двајца пред големите екрани опколени со звук којшто се шири од стратешки поставените звучници.

“Квалитетот на звукот е неверојатен“, вели еден студент кој изнајмил кино сала за гејмерски игри.

Тој објаснува дека звукот на истрели од пиштол е реален, а има чувство дека авионот кој лета во играта навистина прелетува над него, пишува BBC.

До 18 часот, киното може да го изнајмат максимум четири лица за два часа, по цена од 90 долари. Оваа сума се искачува на 135 долари навечер. Корисниците мора да ги понесат своите конзоли, игри и други потребни предмети.

Фото: Pixabay