Кинеската филмска индустрија заработува повеќе од Холивуд

67

Кинеските кина заработија рекордни 775 милиони долари за време на викендот пред Кинеската Нова година, пред сè благодарение на локалните, а не холивудските продукции.

Најгледан беше кинескиот филм Detective Chinatown 3, акционен филм со елементи на комедија, кој оваа година ја имаше најуспешната премиера од сите светски филмови, заработувајќи 424 милиони долари.

Ова не е филм што ги воодушеви критичарите, ниту доби добри критики на различни листи на Интернет. Неговиот успех, сепак, лежи во фактот дека тој е локално произведен и дека тој едноставно ја задоволи кинеската јавност, пишуваат западните медиуми.

Фото: Facebook