Кинески бизнисмен има планови за школата за летање на Adria Airways

34

Кинескиот бизнисмен, Каи Даи, кој минатата година регистрираше нова авиокомпанија во Словенија, од неодамна е сопственик на пилотската академија на Adria Airways. Од ова почнуваат и шпекулации дека неговата компанија Kylin Prime Capital ќе биде важен играч во авиоиндустријата во Словенија, пишува ExYu Aviation.

Кинеската компанија, којашто доби поддршка од својата матична земја, минатата година ја основаше компанијата European Prime Airways. Според јавно достапните податоци, јасно е дека поранешниот пилот на Adria Airways, Блаж Бердник, исто така, има 10% удел во компанијата.

Компанијата не сака да ги коментира своите планови, ниту да ја потврди или демантира својата улога во авиосообраќајот во ЕУ.

Минатиот месец, во рамки на стечајната постапка на поранешниот словенечки авиопревозник, школата за летање на Adria Airways беше продадена за 7.500 евра.

Фото: Facebook