Кинескиот БДП бележи раст од 3,2%

28

Кинескиот бруто домашен производ (БДП) во вториот квартал се зголемил за 3,2% во однос на истиот минатогодишен период, што е поголем во однос на 2,5% колку што очекуваа аналитичарите во анкетата на Reuters.

Тоа претставува силен пресврт во однос на рекордниот пад од 6,8% во првиот квартал, кога кинеската економија беше под притисок од коронакризата.

Сепак, сè уште не се во функција сите економски сектори. Објавените податоци покажаа и дека индустриското производство закрепнува, но и дека паднал прометот во трговијата на мало, што укажува на слабост на домашната побарувачка.

Фото: Pixabay