Кинескиот извоз во март скокнал за 30%

21

Кинескиот извоз во март се зголеми за 30% во споредба со истиот период од минатата година, што претставува дополнителен силен раст на надворешната трговија на земјата.

Податоците од кинеската Царина, објавени денеска, исто така, укажаат на неочекувано силен скок на увозот, што пораснал за 38,1%.

Март е деветти месец по ред на раст на кинескиот извоз, а увозот, пак, се зголемува шести месец по ред.

Во првите два месеци од годинава, извозот на Кина скокна за 60,6%. Увозот порасна за 22,2% во јануари и февруари.

За целиот прв квартал има зголемување на извозот за 49%, и раст на увозот за 28%, соопшти кинеската Царина.

Фото: Pixabay