Кинескиот пазар ја зголеми продажбата на Carlsberg

19

Данскиот пивски бренд Carlsberg во првите три месеци од оваа година имал продажба што ги надминала првичните очекувања, благодарение на зголемената побарувачка од силниот кинески пазар, додека западна Европа продолжи да се бори против пандемијата, пренесува Ројтерс.

Третиот најголем производител на пиво по Heineken и Anheuser Busch Inbev ја подигна долната граница на прогнозите за раст на добивката и започна нов циклус на откуп на акции.

Продажбата од јануари до март оваа година достигна вредност од 2,11 милијарди долари. Carlsberg очекува оперативната добивка оваа година да порасне меѓу пет и 10% во споредба со претходните прогнози за раст од три до 10%.

Пред една година Carlsberg предупреди дека потрошувачката на пиво дополнително ќе се намали и во првиот квартал од 2020 година прикажа пад на приходите. Причина за тоа беше воведениот карантин во многу земји поради пандемија, со што беа затворени баровите и рестораните.

Фото: Pixabay